На местото на старите бараки во студентскиот дом „Стив Наумов“ сега има осум блокови, со капацитет од околу 140 места.
Четири од новите павилјони се со по 10 соби, а останатите со 16. Во секоја од бараките има и соби за лица со посебни потреби.
Министерот за образование Спиро Ристовски вчера изјави дека објектите се изградени по највисоки стандарди. Постои можност и за надградба во делот на сместувачките капацитети. Новиот оглас ќе биде во октомври.
Ристовски најави дека е завршено и поднесувањето понуди за првата фаза од реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и наредниве денови ќе се одржи електронска аукција по што ќе почне првата фаза од реконструкцијата.
За студентскиот дом „Невена Ѓорѓиева- Дуња“, познат како „Медицинар“, засега има проектен план.