Насловна / Вести / Инвестиција од 77 милиони евра за енергетски ефикасна реконструкција на јавните згради во Србија

Инвестиција од 77 милиони евра за енергетски ефикасна реконструкција на јавните згради во Србија

Проектот „Енергетска ефикасност во зградите на јавната управа во Србија“, ќе придонесе во обновата и обезбедувањето на одржливо, ефикасно и сигурно снабдување со енергија на избраните јавни згради ан територијата на Србија. Очекуваните резултати од проектот се 35 јавни згради, кои после реконструкцијата ќе станат значително енергетски поефикасни, поставување на 125 згради и изведба ан првата зграда со скоро нулта потрошувачка на енергија. Европската унија и Германската развојна банка (KfW), обезбедуваат финансирање во износ од 77,68 милиони евра.

1_32

Србија е меѓу земјите со најниска енергетска ефикасност во Европа. Светска банка проценува дека 35%  од потрошувачката на енергија во резиденцијалниот сектор, 40% во јавниот сектор и 25% во индустрискиот и комерцијалниот сектор, можат да бидат предмет на значајни заштеди, имајќи го во предвид неискористениот потенцијал. На пример околу 300.000 до 400.000 резиденцијални објекти немаат термичка изолација. Ова е голем предизвик з ацел Балкан во годините кои доаѓаат, а Германија пружа силан поддршка во обезбедувањето на решенија.

1_33

Неповратни средства за реализација на проектот се обезбедени преку Регионалната програма на ЕУ за енергетска ефикасност (REEP) и IPA фондовите. со нив ќе управува KfW.

 

Испрати коментар

Scroll To Top