Општина Центар ќе помогне во санирањето на штетите на два објекта што настрадаа во невремето што се случи лани во август, за што од буџетот ќе издвои 600.000 денари .
Станува збор за зградата број 7 влез 3, на булеварот „Kочо Рацин“, како и на станбен објект на улицата „11 Октомври“ број 23б/17.
За првиот објект Општината ќе издвои 350.000 денари кои ќе бидат наменети за санација на покривната конструкција, оџакот, како и за стаклата во влезот. За вториот објект, општинските власти ќе издвојат 250.000 денари за санација на рамниот и дотраен лимен покрив.