Насловна / Архитектура / Куќа на брдо во Калифорнија – бетонот како симбол на иновативна архитектура

Куќа на брдо во Калифорнија – бетонот како симбол на иновативна архитектура

Бетонот во архитектурата е основен градежен материјал кој го обликувал пејзажот на урбаните простори ширум светот.

003

Неговата разновидна примена им овозможи на архитектите да ги реализираат своите визии, било да станува збор монументални градби или суптилни детали. Отпорноста, издржливоста и флексибилноста на бетонот овозможуваат негова употреба во различни климатски услови и архитектонски контексти. Исто така, бетонот често се користи како израз на уметничка и естетска креативност, обезбедувајќи простор за иновации и експериментирање.

001

Во современата архитектура, бетонот не е само градежен материјал, туку и симбол на модерност, издржливост и функционалност. Совршен пример за ова е оваа огромна градба наречена Куќа на ридот, која е дом на пар колекционери на уметнички дела. Станува збор за неверојатен простор за живеење проектиран од бирото Donaldson + Partners, кој црпи инспирација од познатиот роман на Ширли Џексон „The Haunting of Hill House“.

1

Куќата со површина од околу 900 квадратни метри се наоѓа во Montecito, Калифорнија, прилично е интригантна на прв поглед. Архитектонскиот тим настојувал да создаде нешто што ќе го „истражи емоционалното и ирационалното“. Проектантите се обиделе да изгради нешто што е структурно иновативно и пружа речиси надреално чувство, додека одржува хармоничен однос со природниот пејзаж. Ова довело до раѓање на прилично чудна, но футуристичка куќа на ридот.

005

„Сакав да биде третирана топографијата на локацијата колку и архитектурата на објект“, вели коосновачот на бирото Доналдсон. Решението е едноставно – објектот малку наликува на искривена крофна, со вдлабнат двор на средината и соби наредени околу него во две нивоа, долниот дел е вкопан во земја, а горниот е со прооден кров, целосно засаден со растенија. Од моментот кога посетителите ќе поминат низ џиновската влезна врата, нивното патување ги носи покрај огромната дневна соба и трпезарија, а потоа надолу во централната градина инспирирана од пустината, спуштајќи се по кривини во подлабоките вдлабнатини на зградата.

02 7

Внатрешноста на куќата е прилично луксузна и удобна. Во тие длабочини сокриена е мешавина на луксузни животни содржини и фантазија на форми: кино со кадифени седишта, гаража, бар и соба за релаксација.

2 9

Една година и повеќеод вселувањето, парот кој живее во Hill House и понатаму ги исстражува нејзините мистерии. Во текот на еден ден, станарите забележале безброј различни рефлексии на прозорците на куќата, кога сонцето заоѓа, глетката надвор се трансформира на драматичен начин, со небото и океанот во една црна маса. „Сакавме куќата да биде процес на учење“, велат сопствениците.

8 6 01 12 5 3 4

Испрати коментар

Scroll To Top