Насловна / Вести / Bosch: Потребни се децении до целосна електрификација на патниот сообраќај

Bosch: Потребни се децении до целосна електрификација на патниот сообраќај

Германски Bosch, клучен добавувач за автомобилскиот сектор, верува дека возилата со мотори со внатрешно согорување ќе бидат потребни најмалку уште 35 години, до целосната електрификација на патниот сообраќај. Кога целокупното годишно производство од 90 милиони возила веднаш би се престроило (во електрични автомобили), би биле потребни 16 години за да се промени целата флота, истакнал Стефан Хартунг, извршен директор на инженерската група во Bosch. Но, во реалноста и натаму ќе се произведуваат и мотори со внатрешно согорување, кои ќе мора да се заменуваат. Затоа, треба двојно повеќе време, најмалку 30 до 35 години, за електрификација на сите автомобили ширум светот, заклучил Хартунг. Тој додал дека одредени возила не може да се електрифицираат, па затоа е потребно да се продолжи со производство на мотори со внатрешно согорување во Германија. Во таа насока, тој истакнал дека сеуште недостасуваат иновации и како пример ги навел земјоделските машини.

bosch

Испрати коментар

Scroll To Top