Насловна / Вести / Какви казни се предвидени во европските земји за оние кои ја враќаат километражата на половните автомобили

Какви казни се предвидени во европските земји за оние кои ја враќаат километражата на половните автомобили

Во неколку земји во Европа, измамата со километражата на возилата е казнива со многу високи парични казни, а во некои дури се предвидени и затворски казни. Новата студија на CarVertical, ги открива овие состојби, но и загубите кои купувачите и државите ги претрпуваат поради оваа појава. Истражувањето е спроведено во 21 земја во Европа. Студијата покажува дека во овие земји законодавството вклучува казнување на сите видови измами со автомобилите, вклучувајќи го и враќањето на километражата. Но, од различни причини прекршителите најчесто ги избегнуваат острите казни. Иако казните варираат од земја до земја, сепак постојат земји во кои ова е сфатено исклучително сериозно. На пример во Франција казната изнесува 300.000 евра. Во Хрватска на пример, предвидена е затворска казна до осум години, а во Полска до пет години. Во Чешка и Литванија предвидена е затворска казна до две години, во Шпанија и Италија до 3,5 години, додека Германија и Унгарија предвидуваат максимална казна од една година затвор.

fraud1

Сепак, ретки се случаите кога се применуваат максиманите пропишани казни, а најчесто станува збор за парични казни. Во Романија забележани се 7,8% случаи каде има манипулации со километражата, додека во Србија станува збор за 5,3%. Студијата покажува дека оваа пракса е поприсуна во источна Европа. Меѓу причините се наведуваат и ниските приходи и големиот број увезени половни автомобили.

fraud2

 

Испрати коментар

Scroll To Top