Насловна / Вести / Германски парадокс: пет пати зголемена моќноста на електраните на ветер и солар, а резервите за балансирање намалени за 50%

Германски парадокс: пет пати зголемена моќноста на електраните на ветер и солар, а резервите за балансирање намалени за 50%

Германија во последните 15 години, го зголемила капацитетот на постројки на ветер и солар за пет пати, односно од 1,2GW, на 6GW, а балансните резерви не само што не го следат тој тренд, туку и се намалени за 50%. Ова го истакнува Лајон Хирт, професор на берлинскиот факултет Hertie School, нарекувајќи ја оваа состојба „германски парадокс на балансирањето“. Енергетската транзиција ширум светот предизвикува бројни полемики, а многу често во центарот на тие дискусии е Германија. Хирт истакнува дека луѓето често изразуваат загриженост дека енергијата од ветерот и Сонцето ќе ја зголеми потребата од краткорочно балансирање, надувувајќи ги балансните резерви а со самото тоа и трошоците. Тоа го мислат од добри причини, додава тој, бидејќи доколку се остане исто, повеќе ветер и солар значи поголеми грешки во прогнозирањето на нивната работа и поголема потреба за балансирање.

balancing1

Како причина за „германскиот парадокс на балансирањето“, Хирт ја посочува поблиската меѓународната соработка на операторите на преносните системи, но и подоброто прогнозирање на работата и тргување. А сето тоа е поттикнато од субвенции. Суштината е во цената на порамнување за отстапување на балансните групи (imbalance settlement price), нагласил професорот. Неговиот заклучок е дека при прогнозите или анализите за тоа како ќе изгледа енергетскиот сектор во иднина, не е паметно да се претпостави дека освен електраните на обновливи извори, ништо друго нема да се промени.

balancing2

Оние кои не се согласуваат со професорот Хирт, велат дека тој „заборавил“ на зголемувањето на трошоците на операторите на преносните системи, како и дека Германија ги гористи балансните резерви на други земји, така што извезува вишоци кога ги има, и тоа во земји кои тие вишоци можат да ги складираат. Другиот дел од критиките е поврзан со фактот дека во 2023 година, Германија прв пат после 20 години станала увозник на електрична енергија, што е објаснето како последица на единсвениот европски пазар на електрична енергија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top