Топлинските пумпи се меѓу најважните технологии за декарбонизација на секторот згради. Во склоп на општиот тренд на електрификација, тие е доста заслужни за скок на побарувачката за расположив капацитет на електроенергетската мрежа и потребата за брзо унапредување на нивните карактеристики. Но, после цела деценија на силен раст, во 2023 година продажбата на топлински пумпи паднала за 4,7%, соопштила Европската асоцијација за топлински пумпи (EHPA) во извештајот кој опфаќа 44 земји.
Купени се 2,64 милиони уреди, со што е сменет трендот од претходните десетина години. Ова успорување на секторот веќе ги принудува производителите да го намалат бројот на вработени, или барем на работните часови, па досега подготвиле и врачиле три илјади откази. Продажбата на топлинските пумпи ослабела во Франција, Италија, Шведска, Финска, Полска, Данска, Австрија и Швајцарија. Во Португалија, Белгија, Норвешка, Холандија, Шпанија и Германија бројките навистина белажат раст, но тоа не е доволно за да го покријат вкупнот пад. Вкупната продажба се намалувала секое тромесечие. Дотолку повеќе, дури и во многу земји каде е забележен годишен раст, кварталната продажба паднала кон крајот на годината. Аналитичарите на пазарот очекуваат дека негативниот тренд ќе се одржи во добар дел од оваа година. Од друга страна, новите податоци од Велика Британија кои сеуште не се опфатени со анализата, навестуваат дека во таа земја продажбата имала раст од 4%.
Падот на продажбата се поклопил со одложувањето на т.н. Акциски план за топлински пумпи, кој треба да го објави Европската унија. Високите каматни стапки и измените на прописите и мерките на национално ниво, ја отежнуваат ситуацијата за инвеститорите и купувачите, потсетува EHPA. Оваа организација проценила дека вкупниот број на топлински пумпи во ЕУ, Британија, Норвешка и Швајцарија веќе достигнал 23 милиони.