Јавниот сектор (кој политичкиот систем често намерно го руши), особено оној негов дел што обезбедува комунални, образовни и други услуги, копнее за ефикасност која му се припишува на приватното претприемништво, па добар дел од земјите прибегнуваат кон т.н. приватни-јавни партнерства, или на приватниот капитал едноставно му препуштаат цели сектори кои го задоволуваат, или барем би требало да го задоволат јавниот интерес на населението.
Дали во центарот на системот треба да го имаме граѓанинот или капиталот?
Некои земји, како Кина, настапуваат многу претпазливо во такви аранжмани, обидувајќи се со различни модели на продирање на приватниот капитал во области како што се образованието или домувањето.
Целта е на ефикасноста на приватната иницијатива да и се даде точно онолку простор во рамките на јавниот интерес, за да не почне приватниот капитал да го загрозува интересот на самото општество, односно на нацијата.
Што и да пишуваат и говорат западните медиуми за Кина, нејзиниот систем, кој сепак никому не го наметнува, во центарот го има Кинезот, односно светињата на кинеската цивилизација, која оние кои одлучуваат за тоа по ниту една цена не ја подредуваат на приватниот капитал, особено не странски, колкав и да е тој.
Во последниве години, другите земји напредуваа во процесот на пуштање на приватниот капитал во јавниот сектор, па сега дури и градат вистински приватни градови.
Пред околу една година, новинарот Слободан Рељиќ ја предупреди јавноста за т.н. „петнаесетминутни градови“, кои локалните администрации ги воспоставуваат ширум светот, наведувајќи го примерот на округот Оксфорд во Велика Британија, чиј локален совет во декември 2022. година, официјално ја прифати примената на таквиот концепт на организација на животот на своите жители.
За лимитирано излегување од зоната потребно е одобрение
„Доколку слободен граѓанин посака да ја напушти својата зона, ќе бара дозвола од советот, кој одлучува кој е достоен за слобода… На жителите ќе им биде дозволено да ја напуштат својата зона најмногу сто дена во годината, но ќе мораат да ги регистрираат податоците за својот автомобил во советот, кој потоа ќе го следи движењето преку паметните камери низ градот“, наведе тогаш Рељиќ.
Терминот „петнаесетминутен град“ (за што пишувавме минатата година во Порта 3) официјално го креирал француско-колумбискиот урбанист Карлос Морено, професор на Сорбона, како, како што наведуваат оние кои не се сомневаат во овој тип на гетоизација, начин на преиспитување на урбаното планирање.
Кога, по пандемијата на корона вирусот, првите локални самоуправи ги воведоа овие мерки, обидувајќи се сите услуги, потреби и обврски на жителите ги соберат во точно дефиниран петнаесетминутен простор, избија првите протести. Критичарите на овој концепт (ограничен број денови на отсуство, известување за заминување и контрола на движењето) веднаш беа почестени во медиумите со изрази како теоретичари на заговор, десничари, дури и антиваксери.
Медиумите кои го промовираат концептот на „петнаесетминутни градови“ наведуваат дека критичарите на овој концепт лажат кога велат дека на жителите ќе им биде забрането излегување од таков „град“. Тие, сепак, не додаваат дека противниците на овој концепт се борат против контролата и известувањето за начелно дозволените, но и ограничени излези од „петнаесетминутниот град“, се заради борбата против климатските промени, пандемиите и останатите медиумски глобални „чуми“.
Што за сето ова вели вештачката интелигенција?
Во последниве години, меѓутоа, на цивилизацискиот хоризонт имаме приватни градови.
Вештачката интелигенција приватниот град го дефинира како урбана заедница управувана од приватен субјект, а не од влада.
„Во такви случаи, приватна компанија или поединец презема одговорност за пружање на различни услуги, инфраструктура и управување во рамки на границите на градот. Концептот на приватни градови е истражуван на различни начини, во распон од целосно приватизирани градови со сите услуги што ги обезбедуваат приватните субјекти, до јавни-приватни партнерства каде што со одредени аспекти на градот се управува приватно. Овие иницијативи често имаат за цел да создадат поефикасна и иновативна урбана средина“, вели Чет џи-пи-ти.
Кога ќе ја прашате вештачката интелигенција за правото да располагате со сопствениот имот во таков град, таа ќе ви го одговори следното: „Ако размислувате за тоа да поседувате имот во приватен град, тоа ќе зависи од специфичните политики и прописи на тој приватен град. Некои приватни градови може да им дозволат на поединците да поседуваат и развиваат имот внатре во нивните граници, додека други може да имаат порестриктивни правила, или да бараат посебни договори со приватниот субјект што управува со градот. Непходно е да се истражи и разбере правната рамка, правилата и условите поврзани со сопственоста на имотот во кој било приватен град за кој сте заинтересирани. Дополнително, имајте предвид дека концептот на приватни градови може да биде контроверзен и може да предизвика различни етички, правни и социјални размислувања, во зависност од пристапот на приватниот субјект што управува со градот“, одговори Чет џи-пи-ти.
Што вели реалниот живот?
Вејд Шеферд, новинар кој со години патува по новите патишта на свилата и известува за случувањата во Азија, во текстот што го објави на 31. јануари 2021 година на порталот на „Форбс“, ја опиша својата посета на приватен град во заливот Данга, на југот на Малезија.
Шепард, како новинар, а не како шпион, влегол во споменатиот приватен град, кој тогаш бил населен со дваесет илјади луѓе, сместени во „збиени идентични високи кули“.
„Пишував за нови градови и ваков развој ширум Азија многу години, а неформалните посети во тек на кои можев да го почувствувам местото, разговорите со купувачите на домови и луѓето кои водат локални бизниси, беа дел од мојата стандардна оперативна процедура. Но овде се случи нешто што никогаш порано не сум го искусил: ми пријде агент за обезбедување и строго ми рече дека не можам да користам камера – дека камерите не се дозволени во заливот Данга“, наведе Шепард, додавајќи дека зборот на компанијата што управува со градот е законот.
Затоа, Шепард ја пренесе изјавата на Сара Мозер, професорка на Универзитетот Мекгил во Монтреал, која му кажала дека приватните градови се како трговски центри.
„Доколку на раководството не му се допаѓате вие или начинот како се облекувате, теоретски може да ве избркаат, а вие не можете да ја оспорите таа одлука, бидејќи тоа е приватна сопственост. Не постојат избрани градски советници на кои треба да се жалите, и ако ве видат како предизвикувач на неволји, потенцијално би можеле да бидете исфрлени“, рекла Мозер.
Зошто приватни градови и кои се правата на нивните жители?
За разлика од античкиот концепт на полис, односно државата, која според Аристотел била создадена за опстанок (одбрана) на животот и која трае за среќата на своите граѓани, приватните градови тежнеат да ги суспендираат и укинуваат националните закони на таа иста држава. Оправдувањето за таквата тенденција, политичката класа која почнува да го пропагира концептот на приватни градови, заедно со инвеститорите кои од сето тоа заработуваат баснословни суми, го пронаоѓа во изговорот дека таквите заедници се наводно подобри, поевтини и послободни од постоечките државни модели.
Политичката класа, која, не е лошо да се повтори, во меѓувреме стапи во целосна служба на капиталот, веќе не се замара со својата примарна аристотеловска работа на просветленото спроведување на јавниот интерес. Го раскина сојузот со граѓанинот и влезе во сојуз со капиталот. Граѓаните, освен кога се во позиција на потрошувачи и корисници на услуги, едноставно веќе не се споменуваат.
Во приватните градови не постои демократски процес на одлучување во локалната заедница. Политичката супстанција на жителите во таквите градови се стреми од статус на граѓанин кон статус на корисна мравка.
Во приватен град се смета само она што компанијата која со него управува, врз основа на правата стекнати со вложување пари, одлучува и спроведува. Исто како и на мравките, на жителите на таквите градови им останува само, како што забележува Шепард, да гласаат со своите нозе: тие засега се слободни да одлучат дали сакаат да живеат во такви градови, но тоа не значи дека така ќе биде и за сто или двесте години.
Во приватните градови менаџерите не се отпуштаат затоа што го изневериле јавниот интерес на жителите, туку кога ќе ги изневерат бизнис интересите на инвеститорите. Приоритет не е правото, туку профитот на приватната компанија.
Во времето кога беше објавен текстот на Шепард, според негово тврдење, во светот имало петнаесетина сосема нови приватни градови, развиени со вложување на приватен капитал (според моделот на „гринфилд“ инвестирање) или преку процедури за приватно-јавно партнерство.
Денес ги има неспоредливо повеќе.
Дефинитивно треба да размислите за ова кога, пред сè, целосно се приватизира пазарот за снабдување со лекови, чие производство одамна е надвор од државна контрола. Кога здравството станува бизнис, а не јавна потреба. Кога рекламите за сладолед и мебел од моето детство ќе се заменат со реклами за силно комерцијализирани болнички услуги, банални медицински препарати и лекови, што ќе ги паметат моите деца од своето детство.
Следува секторот за градски и приградски транспорт и системите за снабдување со електрична енергија и вода. Така со ред, се до концептот на „петнаесетминутни“ и целосно приватни градови во кои освен лична егзистенција, никој веќе нема да има вистински избор.
Извор: РТ