Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора ги објави резултатите од меѓународниот конкурс за идејно архитектонско решение на болничкиот објект во рамки на комплексот на Општата болница „Данило I“ на Цетиње, распишан на почетокот на ноември 2023. година.
Прва награда
Во предвидениот рок пристигнале 78 конкурсни трудови, од кои 73 се земени на натамошно разгледување, а првата награда во вредност од 12.000 евра припадна на проектот на архитектонскиот тим од Црна Гора во состав Немања Митровиќ и Саша Радојковиќ.
Прва награда
Втората награда (7.000 евра) е доделена на белградското биро Тактика, чии автори се Стефан Ѓорѓевиќ и Далија Дуканац, додека третата награда (3.000 евра) ја доби проектот на подгоричкото биро DVARP + C, чиј тим го сочинуваат Дијана Вучиниќ, Тијана Љешковиќ, Анѓела Бубања, Николина Ѓукановиќ, Тијана Мојсовска и Невена Ивановиќ.
Втора награда
Трета награда
Три еднакви откупи во износ од по 1.000 евра отидоа за трудовите на архитекти од Турција, додека уште три конкурсни труда добија посебно признание надвор од условите на конкурсот.
Како што е наведено во одлуката на жирито, архитектурата на првонаградениот проект се одликува со сензибилност кон затечениот контекст, високо ниво на постигнати ликовно – пластични, обликовни вредности, извесна доследност во квалитетот од концептуални до функционални карактеристики на решението, и посебно внимание на деталите и материјалот.
Прва награда
„Континуитетот на контекстот се чита преку трансформацијата на архитектонските форми изразени на сосема модерен и оригинален начин. Визуелната појавност на објектот се карактеризира со проникнување на духот на традиционалниот и современ архитектонски израз, на многу вешт и прочистен начин, а се во интерес на зачувување на постоечкиот идентитет“ – се вели во извештајот и се додава: „Воспоставувањето дијалог со постоечките дадености е особено препознатливо во однос на затечената ситуација на постојната ‘Детска болница’, од каде што авторите црпат директна инспирација, која се препознава во целокупниот архитектонски израз и детали. Според зборовите на авторите, тоа е одреден омаж на постојниот објект“.
Прва награда
Кога станува збор за проектот на архитектите од Тактика, жирито наведува дека ја препознал и вреднувал концизноста и рационалноста што резултирало со коректност на одговорот на поставената задачата – воспоставување на основните елементи на организацијата со потенцијал за прераспределба на содржините со цел да се постигне најдобра можна оперативност во однос на структурата на просторните содржини и локацијата.
Втора награда
„Движејќи се во рамките дефинирани со конкурсната задача – строго зададена градежна линија, второнаградениот труд се раководи од концизноста и рационалноста. Овие карактеристики се рефлектираат како во однос на непосредното опкружување, задржувањето на постоечкиот зелен фонд, така и во пристапот кон обликување и организирање на просторот“, се објаснува во извештајот.
Втора награда
Се додава дека кубичната редуцирана форма тежнее кон воздржано нагласување на присуството на веќе постоечката зафатеност на просторот и ги наследува веќе воспоставените односи со елементите на комплексот и непосредната околина, и заклучува дека определувањето за волумен со рамен кров е одраз на односот на авторот кон контекстот и предметната типологија.
Трета награда
Да потсетиме, ЈЗУ Општа болница „Данило I“ Цетиње има долга традиција на првата црногорска болница за која изградбата на објектот започнала во пролетта 1872. година и е завршена во мај следната година, според планот на францускиот лекар Г. Фрилеи, но почнува да служи на својата намена дури 1875. година.
Трета награда
Името го добила по кнезот Данило I Петровиќ Његош и неколку пати била доградувана, денес е запуштена и не е во функција, а сочинува дел од болничкиот комплекс во кој се сместени и Здравствениот дом, Итната помош и Заводот за трансфузија.
Што се однесува до предметниот објект на старата „Детска болница“, која се наоѓа во рамки на комплексот и е изградена со придонеси на граѓаните на Цетиње, со контрола и совети на најреномираните стручни лица од поранешна Југославија, исто така е во запуштена состојба и не се користи со децении.
Трета награда
Така, со цел да се добие функционално решение и обединување на комплетната здравствена услуга, донесено е најоптимално решение за изградба на нов објект на местото на старата „Детска болница“ во рамки на болничкиот комплекс, што по форма и материјализација треба да придонесе за подигање на естетските вредности, како на потесното, така и на поширокото градско јадро.