Во 2050 година, во производниот микс на електрична енергија во Србија, ќе предничи соларната енергија, пред ветерот и хидроенергијата, додека уделите на природен гас, биогас и отпад ќе бидат ниски. Во овој енергетски микс јагленот воопшто нема да биде застапен. Попрецизно, само 6% од произведената енергиај ќе доаѓа од природен гас, па со ваквото сценарио српската енергетика би била речиси целосно декарбонизирана.
Оваа амбициозна проекција е дел од документот Интегриран национален енергетски и климатски план, кој по усвојувањето треба да стане основен стратешки документ за енергетската транзиција во Србија. Овој документ беше на јавна расправа минатото лето, одобрена е во декември 2023 година и сега чека на новата Влада за официјално усвојување. Освен тоа што крајниот рок за декарбонизација е дури 2050 година, до 2030 година планирано е јагленот да учествува со 50% во енергетскиот микс.