Насловна / Вести / Изложба „Секвенци“ во Отворено графичко студио при Музеј на град Скопје

Изложба „Секвенци“ во Отворено графичко студио при Музеј на град Скопје

sekvenci_1

Вечер во 20 часот во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложба под наслов „СЕКВЕНЦИ“ на ликовните уметници Јовица Мијалковиќ, Христијан Санев и Шќипе Мехмети. Авторите на изложбата ќе се претстават со повеќе дела работени во последната година, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со еден несекојдневен третман на графичкиот ликовен медиум.
„Просторот е оној што ја превезува нашата реалност во светот на сублимација и духовна трансцеденција. Преку селектирање и структурирање на надворешната форма, до истражување на внатрешниот скриен простор, кој има своја динамика и лична геометрија. Целта е истражувањето на убавината на заемниот однос, кој произлегува од потребата да се разбере поврзаноста на постоечките животни облици во непосредната околина“.
Композиции на слики, гласови. Она што поминало, што следи, заробени моменти на секојдневие, реално, надреално…
На изложбата ќе бидат претставени десеттина дела, од традиционални графички техники до дигитални отпечатоци.

Испрати коментар

Scroll To Top