Насловна / Архитектура / Куќа во Шпанија на Fran Silvestre Arquitectos прилагодена на теренот

Куќа во Шпанија на Fran Silvestre Arquitectos прилагодена на теренот

Шпанското биро Fran Silvestre Arquitectos изработило проект за минималистичка бела куќа во Аликанте, која се движи низ пејзажот за да го подобри својот однос со надворешната средина.

17

Наречена Sabater House домот се расплетува низ низа вкрстени, издолжени форми кои се искачуваат нагоре над својата локација од 780 квадратни метри.

5

Тенки волумени се прилагодуваат на природната топографија на теренот, движејќи се низ постоечките големи дрвја и врамувајќи низа тераси и дворови.

1

Според Fran Silvestre Arquitectos, за обликувањето позајмени се знаци од локалните патеки кои се врежани во теренот и водат до пустинска населба.

„Бевме восхитени од тоа како овие кривулести патеки се прилагодуваат на теренот, создавајќи многу интересна архитектура“, велат од Fran Silvestre Arquitectos за Dezeen.

11 3

„Ова беше почетна точка за развојот на куќа на парцела со слични карактеристики во однос на ширината и косината на теренот“.

Sabater House е проектирана за клиент кој сакал дом во кој ќе го смести своето големо семејство, а кој истовремено ќе обезбедува „доволна независност за да се гарантира приватноста на сите членови на семејството“. За да се постигне ова, секој кат од домот има посебна програма.

13

Највисокото ниво, опишано како „ноќно подрачје“ на домот, има пет спални соби и бањи ориентирани да гледаат кон морето над дрворедот.

Во меѓувреме, средните катови содржат кујна со отворен план, трпезарија и дневен простор со прозорци од подот до таванот со поглед кон градина и надворешен базен.

14

Станбените простори се протегаат низ долгата и тесна основа со цел да се избегне нивно збивање и желба да се отворат кон надвор.

„Проектот е нацртан со многу јасна геометрија на рамни елементи кои се споени со мек радиус на закривеност“, велат од бирото. „Секое парче има врска со околината“.

10

На најниското ниво се сместени базенот, винарска визба, складишта и дополнителни соби за спиење.

Со секој кат поставен под агол за да се создаде цик-цак план на основата, се создаваат низа дворови, тераси и мостови, што дополнително го отвора односот со надворешниот простор.

18 16

„За нас во куќата е неочекуван карактерот на меѓупросторите помеѓу блоковите и начинот на кој тие ве обвиваат“, објаснуваат Fran Silvestre Arquitectos.

„Првиот делува како пристапна градина што ве насочува кон влезната врата, а вториот како една од главните тераси. Тоа се разновидни простори што дозволуваат максимално да се искористат различните ориентации“.

19 9 12 6 7 8 15

Испрати коментар

Scroll To Top