По неколку месеци шпекулации за тоа кој е автор на провокативното дело на ѕидовите на британските безбедносни служби, а со претпоставки дека е во прашање „најпознатиот непознат автор на улични графити“, Бенкси на својот сајт призна дека е негово дело. Се работи за делото Spy Booth во кое се претставени три шпиони во мантили и очила за сонце како прислушкуваат телефонска говорница од различни страни, а коешто се појави на ѕидот на една од британските служби за безбедност во месец април.
Работата веднаш почна да му се припишува на Бенкси, но немаше официјална потврда, иако Бенкси ретко остава неговите дела да не бидат „потпишани“. Уметникот на својата веб-страница објави дека се работи за него и тоа одговарајќи на прашање на еден свој фан.