Насловна / Вести / Германија и Алжир отвораат ново поглавје во производството на зелен водород

Германија и Алжир отвораат ново поглавје во производството на зелен водород

Германија и Алжир ќе формираат билатерална работна група за водород, во желба за соработка на полето на производство на зелен водород, што претставува дел од нивното енергетско партнерство. По тој повод, во Алжир е потпишана заедничка дeкларација за намери. Соработката предвидува и инсталирање на пилот постројка за производство на зелен водород во Алжир.

algeria1

Според зборовите на германскиот надлежен министер, двете земји одржуваат блиско енергетско партнерство уште од 2015 година, а во амбициите на Алжир да произведува зелен водород и да ги развие своите капацитети на соларна енергија и ветер, Германија пружа техничка експертиза. Исто така Германија и ЕУ се потенцијални купувачи на зелен водород.

algeria2

 

Испрати коментар

Scroll To Top