Prada, италијанскиот бренд синоним за мода, го надминува полето на конфекција со креирање модерна и софистицирана колекција на садови Checkerboard.
Беспрекорното спојување на богатото наследство на брендот со модерен сензибилитет, геометриски шари и чудни мотиви на Prada додатоци за покуќнина создаваат смели и драматични визуелни ефекти за домот.
Колекцијата Cheerboard зрачи со квалитетна изработка со промислени елементи на дизајнот. Користени се исклучителни материјали како рачно дувано Мурано стакло и фин порцелан за да се создадат парчиња кои не само што се убави, туку и направени да траат. Колекцијата Checkerboard има широк асортиман на елегантни садови и одличен прибор за јадење што го олеснува секојдневието.
Чинии, шолји, чајници, послужавници, тацни и други парчиња од колекцијата имаат суптилни релјефни логоа кои го подобруваат изгледот на секое парче, додека ознаката „Limited Edition“ зборува дек се работи за навистина ексклузивна колекција.
Колекцијата Prada Homeware се протега и на миризливи свеќи кои го исполнуваат просторот со мирисот на брендот. Геометрискиот модел на иконичниот црно-бел под, инспириран од историската продавница Prada во Galleria Vittorio Emanuele II во Милано, ги украсува порцеланските свеќници со модерен дизајн, додека свежите и префинети ноти на џуџесто нане, ирис и мошус ќе го исполнат просторот со пријатни ароми.
Парчиња Prada се комбинираат за уникатен простор кој отсликува индивидуален стил, без разлика дали се претпочита минималистичка естетика или максималистички пристап.