Сојузната влада во Германија, договорила стратегија за изградба на нови термоелектрани на гас, кои можат да користат водород како гориво. Коалициската влада на чело со канцеларот Олаф Шолц, соочена е со критики за нејините одлуки во врска со енергетскиот сектор, со оглед на брзата транзиција која е неопходна по затворањето на сите нуклеарни реактори во земјата во 2023 година.
Овие нови електрани ќе бидат наменети за производство на електрична енергија во периодите кога енергијата од обновливите извори ќе биде ограничена. Во првата фаза, планирано е да се изградат 4 вакви електрани со вкупна инсталирана моќност од 2,5GW. Се проценува дека трошоците з аизградба на вакви електрани во следните 20 години ќе бидат околу 16 милијард евра.