Насловна / Вести / Yugodom е посветен на дизајнот на СФРЈ – единствен музеј во светот во кој може да се престојува

Yugodom е посветен на дизајнот на СФРЈ – единствен музеј во светот во кој може да се престојува

Yugodom во Белград е основан во 2013 година како прв и засега единствен музеј во светот во кој може да се престојува. За разлика од конвенционалните музеи, кои најчесто може да се доживеат при временски ограничени дневни посети, музејот за престој е место за преноќиште – место каде што се спие, односно живее.

15

Ова е еден од ретките музеи каде што сте охрабрени да ги допрете работите и целосно да го почувствувате духот на времето на кое Yugodom е посветен. На овој начин на своите гости Yugodom им овозможува искуство на патување низ времето, назад во ерата на СФРЈ преку наративот на дизајнот на модерната, сувенирите, секојдневните предмети и кинематографијата.

13

Основач и автор на Yugodom е дизајнерот и колекционер Марио Милаковиќ. Милаковиќ го развил концептот Yugodom така што од една страна, спровел музејски процес на собирање мебел, дизајнерски парчиња, покуќнина, сувенири итн. по пат на кустоска селекција, формирајќи на тој начин музејска збирка и галерија.

14

А од друга страна, преку процес на дизајнирање ентериери, создал целосна, оригинална и нова уметничка и дизајнерска креација каде ги изложил сите собрани музејски артефакти преку единствена форма на дом, креирајќи оригинална форма на автентичен, жив музеј. На овој начин создаден е музеј за престој – животен простор во форма на музеј и музеј во форма на простор за живеење/престој.

11

ИМЕТО

Во времето на СФРЈ многу југословенски фирми имаа име што го содржеше префиксот yugo. Инспирирани токму од оваа практика, создадено е името – Yugodom. Yugo како кратенка од Југославија и дом како збор што на повеќето југословенски јазици значи исто. Намерата не е да се создаде само место за престој или само музеј, желбата била да се создаде место кое со својата топлина и срдечност ќе биде дом во исконска и најкомплетна смисла на зборот.

0

ЛОКАЦИЈА И ЗГРАДА

Yugodom се наоѓа во срцето на српскиот (поранешен југословенски) главен град Белград, на Дорќол каде се сменуваат зелени стебла на платани и мирисни крошни на липи. Само неколку чекори од локацијата е боемската Скадарлија. Yugodom се наоѓа во т.н воена зграда, изграден кон крајот на 1950-тите во препознатлив соц-реалистички стил, за потребите на тогашната воена (ЈНА) елита.

23

ПРЕНОЌИШТЕ ВО ФОРМА НА МУЗЕЈ ИЛИ МУЗЕЈ ВО ФОРМА НА ПРЕНОЌИШТЕ

Yugodom е колекционерска збирка и кустоски уредена поставка на југословенскиот дизајн претставен во форма на преноќиште или дом, односно жива музејска изложба, поради што Yugodom го носи името музеј за престој.

20

Yugodom прикажува оригинални и автентични парчиња дизајн на југословенската модерна каде посетителите не се само посетители, туку и гости кои доаѓаат да борават и да живеат одреден број денови или недели. Просторот е создаден со љубов, направен од оригинални ретро парчиња мебел, покуќнина и сувенири од тој период и со неизбежната етикета Made in Yugoslavia.

цц 1

ВИЗУЕЛЕН НАРАТИВ И ИСКУСТВО

Yugodom, меѓу другото, е фокусиран на визуелното раскажување приказни и на своите гости им нуди оригинално и уникатно искуство на патување низ времето во минатото на СФРЈ. Секој изложен предмет ја раскажува приказната за југословенската ера. Декорот истовремено е и сценографија, а предметите, иако имаат своја употребна вредност, истовремено се и сценски реквизити. Декорот е избран да прикаже наративи од минатото и да ја долови хронологијата на секојдневниот живот преку присутните дескриптивни предмети.

22

Па така користени се радио и ТВ приемници, грамофони, телефони, плочи, аудио касети, садови, часовници, значки, гоблени, знаменца, милеа, филмски постери, уметнички дела, индустриско пакување, разгледници, фотографии и други сувенири кои збирно, преку визуелниот наратив, асистираат во единственото искуство на евоцирање и (ре)конструкција на сеќавањата.

16

ИНСПИРАЦИЈА

Инспирациите за Yugodom биле: љубовта кон естетиката на југословенската модерна, потоа југословенската кинематографија и југословенската работничка класа.

18

Yugodom претставува почит кон дизајнот на мебел на модерната, но и воопшто на дизајнот кој припаѓа на тој период. Ова е видливо во секој дел од Yugodom бидејќи секое парче мебел е од тој период, како и поголемиот дел од декорот. Покрај тоа што авторот е голем љубител на модерната, истот така е голем вљубеник во филмската уметност и таму пронашол инспирација и изложил голем број оригинални филмски постери од југословенската кинематографија. Исто така, секоја просторија е посветена на различна деценија на СФРЈ филмското творештво, каде што се изложени постери од соодветниот период, а секоја соба е именувана по деценијата и филмот од таа деценија.

пп

И, последна, можеби и најважна инспирација е – работничката класа Југословенки и Југословени на кои од повеќе причини им е посветен Yugodom. Прво, затоа што била најбројна социјална група во СФРЈ. Второ, сè во Yugodom е Made in Yugoslavia, значи произведено од вредните раце на работничката класа. Трето, работничката класа на Југословенки и Југословени исчезна преку ноќ и (официјалниот) југословенски идентитет повеќе не постои, па Yugodom сака да зачува барем едно мало парче сеќавање на нешто што некогаш постоело и некому му било важно.

24

Исто така, во денешниот контекст на дивата и бескрајна транзиција на обесправените работници и незаштитените работнички права, важно е да се погледне наназад во искуството на системот во кој тоа беше поинаку. И конечно, работничката класа во секое општество и секој учебник по историја е само бројка, бројка без име. Затоа Yugodom не е посветен на култот на личност, знамето тробојка или петокрака, туку на обичните Југословени и Југословенки чии имиња историјата нема да ги памети, а кои беа токму таа Југославија.

25

ВИЗИЈА И ВРЕДНОСТИ

Yugodom е силно посветен на собирање, зачувување и промовирање на југословенското културно, уметничко и дизајнерско наследство на југословенската (СФРЈ) модерна и околу тој период. Основачите на Yugodom се длабоко убедени дека дизајнот не е само естетска категорија, туку нешто што може целосно да се набљудува и разбере само ако се земе предвид историскиот, географскиот и политичкиот контекст.

Повеќе можете да видите на линкот.

10

27 19 21 17 6 5 3 26

Испрати коментар

Scroll To Top