Насловна / Вести / Словенците на референдум ќе одлучуваат за престанок на греењето со цврсти и течни горива

Словенците на референдум ќе одлучуваат за престанок на греењето со цврсти и течни горива

Словенија е „на нозе“ поради измените и дополнувањата на Законот за енергетика. Нацртот на овој закон предвидува во „компактните“ населби, во објектите со еден и два стана, забрана за проектирање и вградување на грејни уреди на цврсти и течни горива. Во предлог законот е наведено дека одредбите ќе се однесуваат и на новоградбите и на пообемните реконструкции, но и на едноставната замена на постоечките печки. Тоа ја вознемири јавноста, бидејќи не е мал бројот на домаќинствата кои ги користат овие горива. Се заговара и распишување на референдум по ова прашање.  Но, постојат и одредби кои го ограничуваат и вградувањето на котли на гас во новоградбите. Имено, тие мора да бидат нискојаглеродни, а се воведуваат и ограничувања за нови концесии за дистрибуција на гас.

firingwood

Со оглед дека предложената забрана се однесува на т.н „компактни“ населби, логично е прашањето што се подразбира под тој термин? Станува збор за подрачјата каде во одредени периоди доаѓа до значително надминување на дозволените концентрации на PM 10 и PM 2,5 честички.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top