Најголемиот производител на соларни панели на светот, кинескиот холдинг “Yingli Green Energy”, е спонзор на Светското првенство во фудбал во Бразил (FIFA World Cup 2014 Brasil).
И покрај минатогодишните загуби поради антидампинг мерките воведени за кинеските производители на фотоволтаици, ова спонзорство на единствената кинеска компанија и група, ќе биде од големо значење за промоција. Инаку, уште од 2006 година, “Yingli” вложува во германскиот фудбалски клуб “Kaiserslautern”.