Насловна / Архитектура / Populous го претстави револуционерниот стадион на планина Во Саудиска Арабија

Populous го претстави револуционерниот стадион на планина Во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија, станува дом на иновативниот архитектонски проект – The Prince Mohammed Bin Salman Stadium. Овој стадион, кој е сместен на врвот на планина, на височина од 200 метри, претставува најнов пример на амбициозната архитектура во оваа земја. Архитектонското студио Populous, најави дека стадионот ќе биде лоциран на околу 40 минути од Ријад.

стадиум1

стадиум2

Со капацитет од 45.000 седишта, стадионот ќе биде домаќин на различни настани, вклучувајќи секако фудбалски натпревари, но и бокс, концерти и театарски претстави. Ќе биде предложен и за Светското првенство во фудбал во 2034 година. Една од клучните карактеристики на стадионот ќе биде големиот LED ѕид. Populous објаснува дека стадионо ќе биде прв во светот кој кој комбинира подвижен покрив, терен и LED ѕид, што ќе овозможи брза трансформација на просторот за различни настани. Исто така, планирано е да се направи и вештачко езеро под стадионот кое ќе ја собира дождовницата и ќе биде вклучено во посебниот систем за климатизација чии детали сеуште не се соопштуваат. Овој стадион се вбројува меѓу најзначајните проекти во саудиска Арабија.

стадиум3

 

Испрати коментар

Scroll To Top