Саемот и конференцијата „Сфера 2024: Технологија на бетон“ ќе се одржи на 21. и 22. февруари во Сараево, Хотел Хилс. Ова е XIV научна и стручна конференција и саем од областа на градежништвото и архитектурата во организација на компанијата Сфера д.о.о. и регионалното списание за градежништво и архитектура м-Квадрат. Коорганизатори на конференцијата се Факултет за градежништво, архитектура и геодезија, Универзитет Мостар, Универзитет Загреб, Градежен факултет Сараево, ГИТ Институт Тузла, ИГХ Институт Загреб, Архитектонски и градежен факултет Бања Лука, Интернационален Burch Универзитет и Технички факултет Универзитетот Бихаќ.
Бетонските производи со децении се предмет на испитување, со цел да се подобри удобноста при користење во внатрешни простои и да се постигне поголема стабилност на конструктивните системи. На конференцијата се презентираат регулативите и стандардите од областа на технологијата на бетон, се презентираат досегашните искуства во процесот на изградба на објектите, се преиспитуваат научно-технолошките достигнувања како и стручните определби во контекст на производство и примена на материјали за изработка на бетон, се разгледуваат нивните предности и услови за примена, како и можностите за подобрување. Целта на дискусијата е размена на знаења и искуства од различни области од инженерството, како и отворање на можноста за воспоставување меѓународна и домашна соработка.
Предавачи на линкот: https://konferencije.sfera.ba/predavaci/
Програма на конференцијата на линкот: https://konferencije.sfera.ba/program/
Регистрирајте се на линкот: https://konferencije.sfera.ba/online-registracija/