Емисијата „TV Taxi 28“ на Македонската радио и телевизија, во својата 26. епизода ја обработува Централната пошта, односно Шалтер салата од ПТТ Центарот – дело на архитект Јанко Константинов.
Поштата во Скопје е едно од 7-те загрозени културни споменици во Европа, според извештајот на Европа Ностра и Институтот на Европската инвестициска банка..Претставува симбол на отпорноста на градот Скопје, после разорниот земјотрес во 1963 година. Зборуваме со архитектот Антонио Груjевски, победник на конкурсот “Скопје на новата генерација” на EU House, со проф.д-р Ана Ивановска за комплексноста и структурата на архитектурата на пошта, фасцинантното дело на Јанко Константинов. Овој монументален објект настрада во пожар во 2013-тата година и одтогаш па наваму ништо не е превземено за негова заштита. Неговото значение не е само во рамките на нашата земја, туку е значаен и за цела Европа.
Надежта за животот на Пошта, како и на целата модернистичка архитектура на Скопје, е кај младите. Нивните визии нека го вратат сјајот на градот, некогашен симбол на светската солидарност.
Визуелниот уметник Филип Јовановски раскажа за перформансот “Драга Републико”, додека пак архитектот Јана Гугуловска – Ѓорѓевиќ не запозна со работилиците во рамките на „Истражуваме архитектура“ кои се наменети за деца кои преку дружење и игра се запознават со тоа што е архитектура.