Насловна / Вести / Balkan Solar Summit на 8-ми и 9-ти фебруари во Бања Лука

Balkan Solar Summit на 8-ми и 9-ти фебруари во Бања Лука

Конференцијата Balkan Solar Summit ќе се одржи на 8-ми и 9-ти февруари во Бања Лука, каде ќе се дискутира за најновите трендови и иновации во областа на енергијата од Сонцето и ветерот, технологиите за складирање на енергија, како и за друи аспекти на енергетската транзиција и одржливост. Програмата на настанот Balkan Solar Summit опфаќа низа панел дискусии, предавања и работилници, со фокус на иновативни пристапи, стратегии и технологии кои се клуучни за транзиција кон одржлива енергетска иднина.

banja luka1

Меѓу останатото ќе се зборува и за улогата за соларната енергија во постигнувањето на јаглеродната неутралност, финансирањето на проекти за солар и ветер, како и развој и имплементација на батериски системи за складирање на енергија. Balkan Solar Summit, како што велат организаторите, не е само место за учење и размена на сискуства, туку и платформа за поврзување и создавање на нови деловни прилики во динамичниот сектор на обновливи извори на енергија. Освен претставници на енергетски компании од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Црна Гора, се очекува присуство и на учесници од Кина, Египет, Турција, Чешка, Шпанија и други земји.

banja luka 2

 

Испрати коментар

Scroll To Top