Јапонската компанија за производство на козметички препарати „Shokubutsi Hana“ дизајнираше единствен уникатен билборд со должина од околу 90 метри поставен во реката Пасиг во Манила, главниот град на Филипините.
Билбордот е направен од специфични растенија и материјали кои имаат капацитет да филтрираат до 8000 литри вода на ден. Целта на компанијата е преку сопствената реклама да ја прикажат моќта на природата.
Ова не е првпат на Филипините да се појави ваков начин на промоција на големите комапнии. Во минатото „Кока Кола“ презентираше 60-метарски билборд, чија цел беше прочистување на воздухот.