Насловна / Архитектура / Станува ли Тирана архитектонски центар на регионот? Каскадна кула со чешки печат

Станува ли Тирана архитектонски центар на регионот? Каскадна кула со чешки печат

Чешкото архитектонско биро Chybik + Kristof проектираше станбено-деловна кула висока 83 метри со површина од 17.500 квадратни метри, која ќе биде изведена од бетон во црвена нијанса. Нејзиното каскадно обликување води до стеснување на кулата како што се качува во висина, а зелените тераси и лоѓии формираат интересен контраст со бојата на фасадата.

01

Меѓутоа, она што е најинтересно е дека овој објект ќе се гради во Тирана – главниот град на Албанија – кој очигледно станува нов архитектонски центар на регионот, судејќи по бројот на импресивни проекти кои се реализираат или се во процес на проектирање.

Што се однесува до новата каскадна кула со чешки потпис, планирано е да се изгради во зоната на Културниот центар на новиот булевар во Тирана. Објектот е дел од мастер планот кој има за цел да иницира соработка меѓу приватниот и јавниот сектор.

Предвидено е кулата да биде еден од првите објекти реализирани на овој локалитет, а останатите предвидени објекти се опера, амфитеатар, галерија и културен центар.

1

Првиот приватен меѓународен конкурс во Тирана

Кулата која ја проектираат Chybik + Kristof ќе биде изградена на приватно земјиште и за приватен инвеститор, но, како што рече портпаролот на градот, во проектот „активно ќе учествува градот Тирана“.

„Победничкиот проект за мултифункционалната кула на Новиот булевар во Тирана означува пресвртница во архитектонскиот пејзаж на градот, бидејќи е резултат на првиот приватен меѓународен конкурс од речиси 20 идни конкурси планирани за иднината на оваа област“, изјави Фрида Пашако, генерален директор за урбанизам и развој на општина Тирана.

3

Како што понатаму објаснува Пашако, овој проект прикажува извонреден спој на иновативен дизајн и визионерско урбанистичко планирање.

„Предлогот се издвојува по неговото обмислено разгледување на уличниот агол на проектот, интегрирајќи се со урбаното ткиво притоа воспоставувајќи атрактивна и динамична врска. Тоа покажува почит кон контекстот на локацијата и брзиот развој што се случува околу неа“.

0

Тирана може да се пофали со неодамна реализираниот редизајн на Тиранската пирамида, за што проектот го изработи холандското биро MVRDV.

4 5

Испрати коментар

Scroll To Top