Насловна / Вести / Во Европската Унија во просек по 560 автомобили на 1.000 жители

Во Европската Унија во просек по 560 автомобили на 1.000 жители

Во Европската Унија во 2022 година во просек имало 560 автомобили на 1.000 жители, а просечниот број на автомобили по жител се зголемил за 14,3 отсто од 2012 до 2022 година, објави Евростат на својата веб-страница.

На листата предничи Италија со 684 автомобили на 1.000 граѓани, потоа Луксембург со 678 возила, Финска со 661 возило и Кипар со 658 возила.

Летонија е на дното на листата со 414 автомобили на 1.000 граѓани, а малку пред неа е Романија со 417 возила и Унгарија со 424 возила.

Податоците покажуваат дека најголем пораст на бројот на возила од 2012 до 2022 година во Европската унија е забележан во Романија, за 86,2 отсто, во Хрватска 44,8 отсто, во Унгарија 40,9 отсто, Словачка 40,1 отсто и Естонија 39,7 отсто.

ав

Испрати коментар

Scroll To Top