Сместен во источниот дел на Сиера Мадре, овој станбен објект располага со уникатни панорамски погледи кон долината и непосредното природно опкружување. Основната цел при конципирањето на новиот ентериер за оваа станбена единица е надополнување на бетонскиот волумен преку реорганизација на програмската основа и реобмислување на природното осветлување, примената на материјали и завршна обработка.
Новата реорганизација на отворен план ги позиционира кујната, трпезаријата, дневниот престој и спалните соби околу централното јадро на станбениот простор – жолт доминантен централен хол како транзициски елемент помеѓу функционалните содржини.
Изборот на нијанси и материјали применети при реновирањето, го реинтерпретира непосредниот екстериер дефиниран од планинското пространство, плантажите со лимони и високото зеленило, воведувајќи ја природната експресија на екстериерот во внатрешноста, со цел да се создаде единствено доживување на целината.
Инкорпорираниот мебел претставува дел од најновата колекција на студиото Jam, со исклучок на одредени детали кои биле во претходна сопственост на клиентите.
Насловна / Ентериери / Доминантен колорит и природни материјали како реинтерпретација на непосредниот екстериер