Насловна / Вести / Во Шведска поставена највисоката ветерна турбина во светот со дрвен столб

Во Шведска поставена највисоката ветерна турбина во светот со дрвен столб

Челикот е клучен материјал за правење на столбови на ветерните турбини, но шведскиот стартап Modvion, изработи столб од дрво висок 105 метри. Дрвениот стопб за ветерна турбина направен е од 144 слоја висококвалитетен ламелиран фурнир. Во својата фабрика во близината на Гетеборг, Modvion ги прави закривените елементи на столбовите од лепени и компресирани словени нa дрво. За изработка на дрвениот столб користена е смрека. Секој слој има дебелина од по 3 mm. Притоа, столбот е составен од неколку модули со што значително се олеснува транспортот до локацијата.

wood1

Зголемувањето на височината на стандардните турбини е предизвик за транспорт до локацијата. Пречниците на некои од челичните столбови се поголеми од дозволените во сообраќајот за поголем дел од земјите во ЕУ и во САД. Затоа, поедноставно решение се дрвените модули кои се монтираат на лице место. Modvion има за цел во наредните 10 години да инсталира околу 2.000 дрвени столбови на ветерни турбини.

wood2

Испрати коментар

Scroll To Top