Во Порто Mонтенегр0, наутичкиот центар и наjлуксузната марина во Tиват и на целото црногорско приморjе, летово ќе биде отворен првиот хотел од франшизата „Regent hotels and residences“ во овој дел на Европа, а во тек е и нејзино проширување за дополнителни 150 места.
Прекрасното здание со 86 апартмани работено во венецијански архиетктонски стил, чија внатрешност ќе потсетува на луксузен брод, ќе ги отвори вратите за своите гости на 1 август, а свеченото отворање ќе биде на 27 август.
Во „игралиштето за супер богати“, како што западниот печат во изминативе години го нарекува Порто Монтенегро, досега се инвестирани околу 180 милиони долари, а во наредните години се очекува таа сума да биде зголемена неколку пати и бројот на вработените од сегашните 1.000 да достигне до 3.000.
Mенаџерот за односи со jавноста на Порто Mонтенегро Данило Kалезиќ, изjави за Танјуг дека само во хотелот, чие отворање претстои, се вложени 55 милиони евра, а вредноста на изградбата на втората фаза од марината изнесува 32 милиони евра. Тој потсети дека моментно во марината има места за 250 пловила, а по завршувањето на работите ќе има 400 места за мали, мега и супер јахти.
Калезиќ додава дека само населбата Порто Мoнтенегро има 130 резиденцијални единици – станови, од студио апартмани до пентхауси. Просечната цена по квадратен метар е 6.500 евра, а таа е променлива во зависност од фазата на продажба и колкав е „капацитетот“ на станот. Една третина од купувачите на тие станови се жители на Велика Британија, втора третина од бившите советски републики, додека една петтина од државите на бивша Југославија.
Во марината на Порто Монтенегро се закотвуваат бродови од Mексико, од Далечниот Исток, францускиот брег, Италија, додава Kалезиќ, објаснувајќи дека наутичките такси во Црна Гора се поповолни отколку во други земји, со оглeд на тоа што таа сè уште не е членка на ЕУ.
Порто Mонтенегро е изграден на местото од бившиот австро-унгарски морнарско ремонтен завод во Тиват, а главен инвеститор е канадскиот бизнисмен Петар Мунк.