Фирмите од градежништвото минатата година извршиле градежни работи во вредност од 25.698.606.000 денари, од кои 7.871.372.000 денари за објекти во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најмногу се градело во Скопскиот регион, по кој следат Пелагонискиот и Вардарскиот регион.
Во текот на 2013 година се градени вкупно 2.176 објекти, а завршени се 2.339 станови со вкупна површина од 157.338 квадратни метри, од кои 2.170 во индивидуална сопственост.
Просечната корисна површина на завршените станови е 67,3 метри квадратни.