PlanRadar, водечката европска платформа за дигитална документација и комуникација во градежната индустрија и во секторот недвижнини, објави е-книга со наслов Управување со рекламации за проекти со помош на PlanRadar.
Е-книгата дава увид и совети за тоа како PlanRadar овозможува избегнување пречекорувања на договорените рокови и во врска со тоа поврзани трошоци и проблеми, благодарение на интелигентното управување со рекламациите во градежните проекти.
Различни очекувања и недоразбирања во комуникацијата
Инвеститори, раководители на проекти, проектанти, консултанти, изведувачи и подизведувачи се клучни учесници во градежната индустрија и сите тие се стремат да ги постигнат целите. Меѓутоа, внатре во оваа индустрија, често настануваат конфликтни односи меѓу засегнатите страни, како резултат на различни очекувања и недоразбирања во комуникацијата.
Нивното влијание може значително да се намали со примена на соодветни знаења, вештини, напредна технологија и иновации, па токму поради оваа причина, најголем акцент се става на управувањето со рекламации во проектот, со што се решаваат барањата за промени или спорови кои се јавуваат во текот на изведувањето на градежните проекти.
Тоа се однесува на идентификација, документирање, анализа и решавање на сите видови рекламации кои влијаат на обемот, трошоците, динамиката на изведување на работата или други аспекти на проектот.
Пробивањето на роковите како најчеста рекламација
Рекламациите во градежните проекти често се јавуваат поради некомплетна проектна документација, избор на изведувачи врз основа на најниска цена наместо квалификации, голем број измени во проектната документација, недостаток на квалификувана работна сила и неправилен распоред на проектните активности, како и лоша комуникација помеѓу соработниците на проектот.
Јасно дефинираниот опсег, прецизната поделба на улогите и одговорностите и управувањето со проектниот ризик ќе помогнат да се намали ризикот од рекламации, кои најчесто се поврзуваат со пробивање на договорените рокови.
Најголем дел од градежните барања, односно рекламации се однесуваат на доцнење на работите во однос на дефинираниот динамички план на проектот. Истражувањата покажале дека 70 отсто од проектите во просек се соочуваат со доцнење што го продолжува времетраењето на проектот за 10 до 30 отсто.
Покрај доцнењето на работите, други конфликти меѓу учесниците во проектот најчесто се јавуваат поради лошо планирање на проектот, промени во обемот и опфатот на проектот и други грешки и пропусти при изградбата.
Потребата и неопходност да се премине во дигитална средина
И покрај бројните истражувања кои проучуваат управување со рекламации за проекти, постојаното зголемување на споровите сугерира дека сегашните методи не се многу ефикасни во исполнувањето на барањата на индустријата. Затоа, инвеститорите, раководителите на проекти и инженерите ја препознаваат потребата и неопходноста за префрлање од традиционалните процеси за управување со барањата во дигитално опкружување.
PlanRadar е SaaS (Software-as-a-Service) за градежната индустрија и секторот за недвижнини, базиран е на облак што помага да се обезбеди квалитет на проектот, да се зголеми продуктивноста и дигитално да се вмрежат учесниците во проектот. Исто така, овозможува и ефикасно управување со рекламациите на проектот преку дигитална платформа на неколку начини:
Рано откривање на проблеми и намалување на ризиците во проектот: PlanRadar овозможува рано откривање на проблемите и промените во проектот. Благодарение на мобилната комуникација на градилиштето, сите учесници секој ден знаат какви работи мора да се извршат. Во склоп на апликацијата, достапни се разговори и т.н. push нотификации, за поврзување на членовите на тимот на градилиштето и во канцелариите со цел навреме да се откријат предизвиците и да се донесат навремени одлуки.
Управување со проектната документација: Софтверот овозможува дигитално следење на сите документи поврзани со проектот, вклучувајќи промени во обемот на работа, финансиски извештаи, распоред на активности и други релевантни документи. Голема предност на PlanRadar е можноста за следење на можните грешки при извршувањето на работите и сите детали кои се јавуваат во проектот. Веднаш е достапна сеопфатна база на податоци за активностите и извештаи за штети, а сите градежни активности се означени на 2Д цртежи или БИМ модели.
Управување со динамичниот план на проектот: PlanRadar овозможува следење на вистинските временски текови во споредба со планираните рокови. Тоа помага да се идентификуваат доцнењата и нивните причини и овозможуваат рана акција за да се спречат понатамошни проблеми.
Управување со ресурси: PlanRadar обезбедува преглед на ресурсите доделени на проектот. Ова помага да се следат трошоците и да се идентификуваат потенцијалните проблеми со недоволни или непропорционални ресурси.
Презентација и комуникација: PlanRadar ја олеснува комуникацијата помеѓу сите соработници на проектот преку едноставна платформа за размена на информации и коментари. Гласовните пораки, фотографиите, видеата, текстуалните пораки и историјата на комуникацијата се зачувуваат на една платформа.
Влијание на проектот: Алатката исто така може да помогне да се следи влијанието на промените и проблемите на проектот, што овозможува подобро донесување одлуки и оптимизација на управувањето со проектот.
Клучни функции за управување со рекламациите
Сите наведени можности се клучни функции за управување со рекламации на проектот кои обезбедуваат навремено генерирање и одобрување на промените, интеграција на различни проектни документи, брза испорака на цртежи, извршување рутинска инспекција и осигурување контрола на квалитетот на проектот.
Современиот напредок на технологијата, заедно со соодветни развојни вештини, имаат значително влијание врз ублажувањето на сериозните проблеми предизвикани од недоразбирањата и конфликтите меѓу засегнатите страни на кој било градежен проект.