Насловна / Вести / Во Виена пуштен во погон најголемиот систем за греење со топлински пумпи во Европа

Во Виена пуштен во погон најголемиот систем за греење со топлински пумпи во Европа

Три големи топлински пумпи се пуштени во работа во виенскиот дистрикт Зимеринг. Тие овозможуваат греење на 56.000 домаќинства на Виена, користејќи ја топлината од пречистителната станица за отпадни води. Се планира до 2027 година капацитетот на овој систем да се удвои. Виена има амбициозни планови за декарбонизација, при што греењето е сериозен предизвик. Имено, околу 40% од емисиите на јаглерод диоксид во градот потекнуваат токму од овој сектор.

pumpe1

Со пуштањето на трите топлински пумпи е заокружена првата фаза од проектот кој предвидува инсталирање на шест топлински пумпи поврзани со системот за далечинско греење. Градската енергетска компанија Wien Energie, тврди дека станува збор за најголемиот зелен систем на топлински пумпи во Европа, бидејќи и електричната енергија која е потребна за погон на компресорите се обезбедува од блиската хидроцентрала на Дунав, Freudenau. За првата фаза биле инвестирани 70 милиони евра. По завршувањето на комплетниот проект во 2027 година, вкупната моќност ќе биде 110MW.

pumpe3

 

Испрати коментар

Scroll To Top