Насловна / Арт и дизајн / Нишки на колективната меморија – поттик за регенерација на урбаните ткива

Нишки на колективната меморија – поттик за регенерација на урбаните ткива

Архитектонското студио Хедервик го изработи урбанистичкиот проект за населбата Азабудаи Хилс, во Токио, Јапонија. Потребата за реформирање се јави во 1989 година кога инвеститорот Мори Билдинг го иницираше процесот на урбана регенерација која ќе трае триесет години. За да трансформира повеќе од осум хектари земјиште во срцето на Токио, тој ќе преговара сопствениците на секој бизнис, куќа и парцела на локацијата, еден по еден.

2-copy-1

Азабудаи Хилс претставува нова типологија создадена за заедницата, во изобилие од зелени коридори, многу поразлична од другите проекти за урбана регенерација поради вклученоста и соработката на жителите кои овој кварт го нарекуваат дом. Концептот се базира на идејата за невидливи нишки кои ја врзуваат заедницата. Овие „невидливи нишки“ се однесуваат на колективната меморија на споменатото маало и значењето што го има за луѓето што живеат таму.

1-copy-1 5-copy-1 6-copy-1

Населбата е во форма на Y, поделена на три неправилни делови и со три вертикални поенти (кули) кои овозможуваат спојување на овие три сегменти. Дополнително, комерцијалните намени се протегаат долж источниот крај, административната на јужната страна додека, станбената зона се наоѓа на запад.

3-copy-1

“Доколку погледнете типична уличка во Токио, пред три децении, тоа би можело да биде сцена од која било станбена населба, испреплетена во метеж од кабли, суви есенски гранки, телефонски столбови и континуирано нанижани балкони на првиот кат и обрасната вегетација во скалишниот простор. Гледајќи нагоре, контраст од грст облакодери наспроти синото небо. Она што не можете да го видите е значењето што ова место го има за луѓето што живеат таму.

11-copy-1 10-copy-1 9-copy-1

Приказната за Азабудаи Хилс несомнено ја означува  кулминацијата на децениската работа на студиото Хедервик, која стои зад урбаниот пејзажот и многу од неговите објекти.”

 

Како резултат на овој постепен пристап кон развојот фокусиран на заедницата, клиентот на студиото Хедервик претставува консултативно тело, составено од вработени во Мори Билдинг,  локалните жители и бизнис заедницата. „Ова е  динстиктивен модел од слични проекти за регенерација во Британија, кои често остануваат недостапни за постојните жители. Тоа е општествен и урбан развој, кој сепак опфаќа генерации. Во многу случаи, родителите, доброволно се пријавиле за преселба за да им овозможат на своите семејства подобро место за живеење“.

12-copy-1 13-copy-0 14-copy-1

„Имаше повеќе од двесте објекти на локацијата, меѓу нив и многу повоени згради кои живеале подобри денови, кои заедно го обликуваа градскиот живот. Цвеќарница, печатница, спомен-обележја, пошта и парк – сето тоа беше планирано да биде дел од формација од геометрии кои ќе траат“.- изјави Нил Хабард, водач на групата во студиото Хедервик.

Овој дел од Токио, изобилува со голем број амбасади и се наоѓа во природна долина помеѓу ридовите Ропонги, културна област на запад и деловниот центар Тораномон на север.

15-copy-0

Кога студиото Хедервик беше ангажирано да го ремормира дотогашниот урбан пејзаж и локалните малопродажни, канцелариски, културни и општински објекти, а позицијата на трите кули веќе беше предвидена во синтезното решение.

Испрати коментар

Scroll To Top