Насловна / Архитектура / Монтажниот систем на компанијата Skilpod – револуција во изградбата на станови (ВИДЕО)

Монтажниот систем на компанијата Skilpod – револуција во изградбата на станови (ВИДЕО)

Белгиската компанија Skilpod, која се занимава со производство на модуларни конструкции, ја одбележа деценија од постоењето со претставување на прототип на нов модуларен градежен систем.

Со проектот е развиен модул од 40 или 48 квадратни метри кој може да се прошири повеќе од три пати, додека површината на фасадата е осветлена со LED екран… за оние кои сакаат да привлечат внимание на својот дом.

2

Сложување до висина од пет ката

Монтажниот систем на компанијата Skilpod изведен е преку систем на конструкција со дрвена рамка што служи како јадро за воспоставување на различни просторни конфигурации.

Системот може да формира станбена единица од 40 или 48 метри квадратни, но и простран дом од 128 квадратни метри, а од компанијата Skilpod истакнуваат дека модуларните единици може да се комбинираат и сложуваат до висина од пет ката.

1

Новиот прототип претставува и софтвер Skilpod, кој содржи алгоритам кој динамички го пресметува оптималниот распоред на собите за секоја квадратура.

Така, се земаат предвид варијабилите како што се типовите на основите, расположивите простори и обликот на парцелата, што го поедноставува процесот и директно се интегрира со BIM модел.

3

Технолошка синергија за флексибилност на изградбата

Оваа технолошка синергија, заедно со брзото темпо на модуларна изградба, им дава на учесниците во градежниот процес флексибилност да се приспособат на различни потреби.

4

Приспособливоста и оптимизираниот производен пристап на Skilpod има за цел да направи револуција во изградбата на станови, така што значително ќе го намали периодот на изградба за оние на кои итно им треба сместување.

Како што пишува Designboom, првите проекти што го користат овој систем на изградба веќе се во тек и нивното завршување е предвидено за првиот квартал од 2024 година.

5

Трансформативното влијание на Skilpod врз изграденото опкружување е препознаено од експерти во областа и тие се избрани меѓу 15 градежни компании кои учествуваат во радикалниот проект на холандската асоцијација Aedes, што треба да ја олесни изградбата на 28.000 домови во Холандија во текот на наредните три години.

Испрати коментар

Scroll To Top