Данска е позиционирана меѓу лидерите во областа на чистата енергија и намалувањето на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, насочувајќи го својот енергетски систем кон нулта емисија до 2050 година. Земјата има направено значаен напредок во користењето на обновливите извори на енергија, а посебно се истакнува во секторите ветер, биомаса и биогас. Во 2022 година, Данска има остварено импресивен удел на електричната енергија од ветер, со 54% додека речиси 40% од потрошувачката на гас доаѓа од биометан.
Со цел намалување на емисиите на стакленички гасови за 70% до 2030 година, Данска интензивно работи на подобрување на енергетската ефикасност, посебно во секторите сообраќај и градежништво. Владата се стреми кон завршување на зелената даночна реформа, развивајќи Стретегија за декарбонизација на сообраќајот и унапредување на енергетската ефикасност преку дигитализација и развој на паметни градови и згради. истакнува Меѓународната агенција за енергија (IEA). Данската влада, соочена со предизвиците на климатските промени, предложила поамбициозни цели, при што планира да постигне намалување на емисиите од 110% до 2050 година. Во секторот далечинско греење, фосилните горива целосно ќе се заменат со биометан до 2030 година. Плановите исто така опфаќаат и значително зголемување на капацитетите на ветер на море и соларните електрани.
Во 2021 година, Данска го отвори најголемиот ветерен парк во Скандинавија, Kriegers Flak во Балтичко море. Земјата е исклучително ангажирана на интеграција со регионалните пазари на енергија, посебно во регионот на Северното Море. Исто така, се фокусира и на развој на технологии за зафаќање, складирање и користење на јаглерод (CCUS). Во рекорден рок од три години, Данска поставила правна рамка за CCUS, го реализирала првиот тендер и ја доделила првата дозвола за складиштење на CO2.Некогаш Данска била лидер во нуклеарните истражувања и изградба на нуклеарни електрани, но во 1985 година Парламентот донел одлука нуклеарни електрани да не се градат, и до денес не постојат иницијативи за промена на овој став. Моменталната цел е до 2030 година, обновливите извори да задоволат 100% од производството на електричната енергија и 55% од вкупната финална потрошувачка на енергија во земјата.