Насловна / Архитектура / Куќа во пад кон бескрајниот хоризонт на Пацификот

Куќа во пад кон бескрајниот хоризонт на Пацификот

000_02
Сместен во мистична, скриена но густо населена област на калифорнискиот брег, објектот претставува дело на архитектонското студио Fougeron Architecture.

Наречена „Куќа во пад“, резиденцијата ги опслужува сите основни програмски содржини, организирани во линеарна транспарентна конструкција, која се прекршува до работ на брегот под кој се простира мала и дива плажа.

Навидум едноставната структурална организација всушност изразува длабока комплексност и неочекувана, динамична форма. Половина од објектот е конзолно испуштен и прекршен во однос на опкружувањето истовремено заштитувајќи ги убавините од непрјатните делови на населбата.

Два полни волумени се поврзуваат преку транспарентна библиотека во серија од повеќе нзи, на начин да се обезбедат чисти погледи кон најниското ниво. Покрај визуелната непреченост, организацијата во просторот е изведена на начин да се обезбеди природна вентилација низ засебните простории.

Бетонското крило кое се простира по страната на брегот ги опслужува гостинската соба, сервисните функции и зелена покривна тераса која визуелно изгледа како лебдечка структура. Варијацијата на волумени е изведена од различни конструктивни материјали, така што јужната страна е дефинирана од бакарна обвивка која ги заштитува внатрешните простории од директно осветлување, додека северната страна е целосно изведена во стаклена обвивка која го обезбедува уживањето на бескрајните погледи кон хоризонтот. 000_01000_03000_04000_05000_06000_07000_08000_09000_10000_11000_12000_13000_14

Еден коментар

  1. Interesen objekt. Andrea toa dobro go analizira.Odlicna tema.

Испрати коментар

Scroll To Top