Претседателот на Франција Емануел Mакрон и специјалниот претставник на претседателот на САД за клима Џон Кери, соопштија дека е потпишана „Декларација за тројно зголемување на нуклеарната енергија најдоцна до 2050 година“. Нaстанот е одржан во текот на 28-та Конференција на Обединетите Нации за климатските промени, позната како COP28. Шефовите на држави и другите највисоки официјални претставници од 22-те земји потписнички на Декларацијата, изјавиле дека новата цел е неопходна за достигнување на јаглеродната неутралност до средината на векот и да спречи глобалното загревање до 2100 година да надмине 1,5OC. САД, Бугарија, Канада, Чешка, Финска, Франција, Гана, Унгарија, Јапонија, Јужна Кореја, Молдавија, Монголија, Мароко, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шведска, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Велика Британија, ги повикаа меѓународните финансиски институции и регионални развојни банки да помогнат во вклучувањето на нуклеарната енергија во прави рамки за кредитирање во енергетиката.
Потписниците укажалe на улогата на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во поддршката на своите држави членки при воведувањето на нуклеарните електрани во националните енергетски планови на одржлив начин, така да се испочитуваат највисоките стандарди на сигурност, безбедност и мерки за заштита. Таа технологија може да придонесе во декарбонизација на далечинското греење, десалинизацијата, индустриските процеси и производството на водород, соопштила IAEA пред свеченото потпишување. Споменатата иницијатива промовира изградба на мали нуклеарни реактори (SMR) и други напредни решенија како и поширока примена во индустријата се цел декарбонизација.
Онаму каде што е тоа изводливо, животниот век на постоечките нуклеарни електрани би требало да се продолжи, истакнала оваа група на земји. Исто така, тие ги повикуваат и другите држави да се приклучат и да понудат помош „во испитувањето на можноста на понатамошна примена на нуклеарната енергија во мирнодобски цели“. Франција го предводи т.н „нуклеарен сојуз“ во кој мнозинството земји се членки на ЕУ. Формиран е откако иницијалната група успеала да ја вклучи оваа технологија во зелената таксономија на ЕУ.