Сместен во прогресивна резиденцијална населба во Канкун, дизјнот на објектот се базира на проектантска стратегија која се стреми кон ограничување на станбениот волумен на западната страна, со цел да се обезбедат отворени погледи, соодветно осончување и инкорпорација на јавното зеленило во ентериерот преку одземените празни простори помеѓу објектот и партерот.
Волуменот располага со двојно висински простории како преоден елемент помеѓу приземјето и катот. Од една страна, објектот се отвора со пространи погледи кон терасата и зеленилото, додека од друга страна како основен фокус доминира монументална скулптура дизајнирана од страна на архитектите, изработена од остатокот на дрвените конструктивни елементи.
Примената на материјали се базира на потенцирање на бетонот во различни варијации и градации, како полиран и сјаен на подните површини во внатрешноста, грубо полиран низ екстериерот и штуко при фасадната обработка.
Програмските содржини ги задоволуваат основните потреби и барања на едно семејство, обезбедувајќи oтворен и динамичен ентериер, поврзувајќи ги сите внатрешни простори визуелно и функционално.