Насловна / Архитектура / Павилјонот Ла Паз прв од низата на индустриски модуларни павилјони

Павилјонот Ла Паз прв од низата на индустриски модуларни павилјони

Павилјонот Ла Паз, дело на архитектонското студио Murado & Elvira (Хуан Елвира и Клара Мурадо) е прв од низата на индустриски модуларни павилјони, кои можат да се подигнат за неколку часа и ќе се спроведуваат во различни шпански болници.

6 4 5

Благодарение на истражувањето спроведено од фондацијата „еден во сто илјади“, се покажа дека физичките вежби можат да помогнат во забрзувањето на процесот на излекување на ракот кај децата за 17%, да ги зголемат шансите за преживување, да ги ублажат несаканите ефекти од третманот и да го подобрат квалитетот на животот кај пациентите. За таа цел, архитектите предложија изградба на повеќенаменски простор за дечиња од различна возраст, каде што тие би можеле да вежбаат како дел од редовниот нефармаколошки третман. Физичката активност на пациентите се снима со помош на уреди кои собираат податоци за да се добијат научни докази кои ќе го оптимизираат нивното закрепнување.

1 3

Просторот во рамките на проектот може да се подели на шест програмски содржини во низа, секоја посветена на одредена активност, која достигнува од местото на контакт помеѓу павилјонот и болничката кула, до кровната тераса. Просторите се материјално поделени со стаклени рамнини, што овозможува раздвојувањето да биде визуелно упорно. Стаклото, заедно со јаворовото дрво, вегетацијата и начинот на управување со природното осветлување, придонесуваат кон креирање на отворена, мирна и пријатна атмосфера.

9 10 14

Процесот на производство на знаење што кулминира во овој проект вклучува тим од дузина експерти: истражувачи, медицински персонал, антрополози, графички дизајнери, програмери, градежници и архитекти. Конечниот резултат се должи на нивната плодотворна соработка.

11 12 17 18

Се започна со разработка на програмска шема составена од функции и искуства неопходни за сите корисници во болницата, (од престојот на пациентите на одделението до интегрирањето на физичките вежби во болничкиот третман и изградбата на оптимално искуство за секого). За таа цел, тим антрополози спроведоа серија интервјуа со пациенти, нивните семејства и здравствени техничари. Од оваа студија беше подготвена мапата која ги даде потребните насоки околу неопходните дејствија потребни за реализација на проектот и се отпочна со изработка на архитектонскиот проект кој гореспоменатите начела ќе ги имплементира.

Павилјонот е поставен на проодната кровна тераса на болницата Ла Паз, веднаш до главниот влез и е поврзан со кулата за мајки и деца. Тоа е надворешен простор, но во исто време и нов ентериер кој вклучува техники и имагинации поволни за иновирање и дополнување. Пациентите можат за момент да ги напуштат протоколите и монотонијата на главната зграда, за место со алтернативна просторна и материјална организација.

21 22

Просторот што го поврзува Акцелераторот со болницата, на вториот кат од кулата, претставува рампа која назименично води од периметарскиот коридор до фасадата на кулата. Појавата на закривените простори во внатрешноста на болницата е вовед во материјалноста што посетителот ќе ја препознае во остатокот од ентериерот на павилјонот и претставува јасна покана за добредојде. На крајот од првиот дел од рампата, окулус ја пробива фасадата за да понуди  поглед внатре во павилјонот, од другата страна на белиот ѕид.

Рампата води до чекалната, (првиот простор надвор од кулата), кој им овозможува на пациентите и нивните блиски да седат на полукружна клупа од која можат да го видат пристапниот плоштад во болницата и просторите за вежбање. Неговата заоблена геометрија го решава контактот помеѓу рампата и главниот павилјон.

27 31 28

Физичките вежби се изведуваат во две сали. Првата, веднаш по чекалната, е посветена на неформалното вежбање и е достапна во секое време од денот. Па така истовремено се решава и состојбата на оние пациенти кои не можат да се движат внатре.

Втората просторија, поголема по габарит и осветлена со три светларници свртени кон север, ги содржи справите за надгледувано вежбање. Следно, лабораторијата содржи опрема неопходна за снимање на напредокот на истражувањето. Преклопените носилки им овозможуваат на пациентите да бидат прегледани. Последниот простор во оваа низа е покриена тераса на отворено, свртена кон југ, која ја штити лабораторијата од сончевите зраци во лето , содржи мала градина со автохтони видови растенија.

Во последниве децении, серија емпириски студии покажаа како употребата на природни материјали придонесува за нашата благосостојба. Од биофилна и еволутивна гледна точка, луѓето развиле вродена чувствителност на коегзистенција со други живи суштества и, следствено, на природни материјали како дрвото. Дрвото е жив материјал, кој се менува со текот на времето и со кој развиваме непосредни врски. Друг важен елемент за благосостојба е вегетацијата, воведена во модулот на отворено и видлива од просторите за вежбање.

Идната потреба за спроведување на овие истражувачки простори во различни болници доведе до разбирање на проектот како комбинаторен систем. Почнувајќи од каталог на димензионални единици, внатрешни и надворешни завршетоци, серија уреди за контрола на светлината и други „приклучоци“, секој проект ќе се смета како дел од заедничкото семејство решенија, приспособени од потребите на локацијата.

Во согласност со овој пристап, беа усвоени индустриски монтажни системи како најпогодно конструктивно решение . Со метална конструкција, сендвич панели и дрвени табли од иверка внатре, различните модули беа составени во текот на два месеци. Тие потоа беа транспортирани во модули во три камиони. По дводневното патување, модулите пристигнаа во болницата во Ла Паз, каде што беа склопени за десет часа.

30 29

Извршена е максимална автономија на павилјонот во делот на програмата, во постојниот објект внатре, е поврзан само со постојната водоводна мрежа на болницата, за електрична енергија и останата придружна инфраструктура. Поправени се сите прозорци на фасадата свртени кон болнички плоштад. Вкрстената вентилација овозможува отворање на двете долги фасади, кои гарантираат соодветно обновување на воздухот.

Во ентериерот, очигледна е присутноста на терапевтската нишка на истражувачката програма. Од друга страна, неговата геометрија е во контраст со непосредниот контекст и ја означува желбата да се разликува од болницата и административниот дел што ја опкружува. Впрочем дводимензионалниот и транспарентен карактер на архитектурата, се интегрирани во нејзините формативни принципи, и му обезбедуваат локална и лесно достапна димензија на проектот.

Испрати коментар

Scroll To Top