Впечатливиот Hortus Botanicus во Амстердам беше изведен во раните 1990-ти како современа застаклена челична структура, која прерасна во една од најголемите атракции и за посетителите, но и за жителите на Амстердам. Три децении подоцна, трите стакленици треба целосно да се реновираат, а Хортус ќе ја искористи ситуацијата за да побара истата да ја направи ботаничката градина одржлива.
Благодарение на изолацијата (на покривот и фасадата), реупотребата на атмосферската вода и енергетски ефикасните климатски системи, оваа ботаничка градина ќе прерасне во прва одрлива од ваков тип.
Првично основана во 1638 година за да служи како билкара за лекарите и фармацевтите во градот, амстердамската Hortus Botanicus е една од најстарите ботанички градини во светот. На своите посетители им нуди место за одмор, далеку од метежот и вревата на градот и содржи над 6.000 различни домашни и неавтохтони дрвја и растенија, во надворешните градини, но и во оранжериите.
Проектот ЗЈА ќе стане првата јавна стаклена градина во земјата која повеќе нема да се напојува со гас. Сегашната стаклена градина ќе се затвори на крајот на февруари 2024 година и повторно ќе биде отворена во 2025 година, годината кога Амстердам слави 750-годишнина.
„Новиот проект на ZJA видно промовира одржлив коцепт, додека силуетата на постојниот габарит останува препознатлива. Карактеристичниот ритам и префинетоста на постоечката фасада се повторуваат во нашиот нов дизајн, додека мал процент стаклена површина е заменето со изолационо двојно застаклување, а покривот е обезбеден со лесни изолациски воздушни перничиња. Конечно, стаклениците по реновирањето вклучително и новите системи за климатизација ќе бидат оптимизирани“ – изјави, Кеј Остерман, архитект и партнер во ZJA.
Со сите свои прилагодувања за да се обезбеди одржливост, задржување на карактеристични елементи, како и оптимална средина за одржување на екосистемите за собирање на растенијата, реновираната ботаничка градина во Хортус, се очекува да биде целосно подготвена за иднината.
Сега кога биолошката разновидност на одредени видови се доведува во прашање, пренесувањето на приказната за биодиверзитетот станува сè поважно за Хортусите. „Ако сакаме посетителите да постапуваат според нашата мисија, односно да се грижт за природата, тогаш секако мораме да покажеме и дека тоа е можно“, вели директорката на „Хортус“, Карлиен Блок.
Покрај обновениот тропски и суптропски дел и обновениот пустински сегмент, ќе има и дополнителен изложбен простор со појаснувања на историјата на биолошката разновидност и односот со климатските промени на глобално ниво. Со доделувањето на еколошката дозвола, ботаничката градина Хортус, ќе премине во завршната фаза од реализација на проектот.