Во декември 2005 година 15 семејства во Осиек се вселија во првата нискоенергетска зграда во која комплетните режии ќе ги плаќаат пет пати помалку од просечно хрватско домаќинство.
“Мојот сосед за режии плаќа 10.000, а јас само 2.000 куни“. Куќата на иднината е изградена во Реиснерова улица во Осиек, цената на квадратот е 200 евра повеќе отколку во обична зграда во соседството, а се проценува дека вложувањето во поскап квадрат ќе се исплати по три до пет години.
Проектот „паметна зграда” направен е прв пат во Хрватска по примерот на Швајцарија, каде што успешно се применува
Минергие стандард. Неговата примена на „зградата на иднината” ја осмисли загрепскиот Факултет за хемиско инженерство и технологија во соработка со швајцарскиот институт.
Главниот проектант д-р сц. Звонимир Гласновиќ вели дека Минергие стандард ја ограничува вкупната потрошувачка на домаќинството за греење, ладење, топла вода и струја на три литри масло за греење годишно.
-Претприемачот Јанош Селешки на еден симпозиум ми рече дека неговата фирма „Агриа” сака да ја изгради првата нискоенергетска деловно-станбена куќа во Хрватска. Веднаш се договоривме дека едното крило од комплексот во Реиснерова улица во Осиек ќе го претвориме во куќа на иднината.
-Се продлабочија 200-метарските сонди во земја, а бетонската конструкција се работи. Сега следува најнапнатиот дел зашто на изведувачите им останува се да изградат како што е испроектирано за зградата да ги добие сите сертификати – објаснува Гласновиќ.
До пет пати помали режии дојдоа користејќи ги методите за изградба на пасивна и активна нискоенергетска куќа со геотермална дигалка која е вкопана 215 метри под земја.
Со исклучително добрата изолација, специјалната цигла, вакуумските панели, термалните мостови, соларните ѕидови постигната е потрошувачка на енергија од 42 kw h/m2 годишно. Јанош Селешки од фирмата „Агриа” рече дека верува во ефикасноста на овој модерен систем кој го изработиле врвни стручњаци и дека тој сам ќе живее во таа нискоенергетска зграда.
Објавено во број 90.