Насловна / Архитектура / Хотел за велосипеди – Gulskogen

Хотел за велосипеди – Gulskogen

Хотел за велосипеди (7)
Хотелот за велосипеди се наоѓа на локацијата на товарен објект во склоп на железничка станица Drammen, во Бускеруд, Норвешка.

При конципирањето на дизајнот од есенцијално значење претставува одржувањето на високиот степен на конзервација и презервација на постоечката структура преку новокомпонираните содржини, без изведба на драстични промени. Со цел да се потенцира интеграцијата на нова намена, источниот калкански ѕид се одликува со редефиниран современ дизајн.

Хотелот располага со 134 паркинг места за велосипеди и четири напојувачи за електрични велосипеди, како и воздушни пумпи за пумпање на гуми.

Целокупниот дизајн е инспириран од локалната историја и атмосферата што ја создава сончевото природно опкружување. Патернот на перфорираните метални панели преку кои непречено пенетрира природното осветлување во внатрешноста се инспирирани од пошуменото опкружување, станувајќи составен дел кој придонесува за креација на кохерентна експресија на станицата во однос на градската целина.
Хотел за велосипеди (1)  Хотел за велосипеди (8) Хотел за велосипеди (9) Хотел за велосипеди (10) Хотел за велосипеди (11) Хотел за велосипеди (12) Хотел за велосипеди (13)

Испрати коментар

Scroll To Top