Руската влада ја одобри програмата за развој на нуклеарниот енергетски комплекс до 2020 година, за што ќе издвои 26 милијарди долари. Програмата ќе ја спроведе државната компанија Rosatom. Меѓу најважните цели на програмата е раст на производството на нуклеарна енергија, и пораст на продажбата за 14,9%. Од програмата се очекуваат и околу 100 патенти во странски земји, како и зголемување на приходот на странските пазари за 53%, јавува рускиот портал ‘Voice of Russia’.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Русија вложува 26 милијарди долари во нуклеарен комплекс