Насловна / Архитектура / Познати добитниците на наградите на конкурсот „Скопје на новата генерација“ (ФОТО)

Познати добитниците на наградите на конкурсот „Скопје на новата генерација“ (ФОТО)

По повод 60 години од скопскиот земјотрес Европската куќа во Скопје реализираше конкурс за млади архитекти и урбани планери „Скопје на новата генерација“, кои требаше да ја замислат и променат урбаната средина во Скопје.

Главната цел на конкурсот е да инспирира иновативни идеи за архитектонски и урбан простор.

IMG_20231113_195233 IMG_20231113_200220 IMG_20231113_200135

Вчера на 13. ноември на денот на ослободување на Скопје од фашистите, Европската куќа го одбележа својот четврти роденден со изложба и доделување награди за конкурсот „Скопје на новата генерација“. Настанот се случи во  комплексот на Пошта, вредно архитектонско дело на архитект Јанко Константинов (1926-2010). Објектот претрпе голем пожар во 2013 и како последица на тоа, оригиналната површина на куполата и фреските од Борко Лазески, како и опремата и осветлувањето, беа целосно уништени. Па така не случајно, токму овој објект е избран за место на настанот.

IMG_20231113_195743

На нконкурсот пристигнаа 12 труда од 24 млади архитекти, а секој од нив претстави планови за обнова на различни локации во градот. Првата награда ја доби „Лотос за неа“ на Антонио Грујевски за фонтаната „Лотос“ во Градски парк Скопје. Втората награда ја добија Даниела Василева, Сара Велеска и Сара Трајкова за „Реимагинирање на боените бранови“ за кејот Димитар Влахов покрај реката Вардар. Третата награда им припадна на Натали Велеска, Ален Цветковски и Дона Митровска за нивниот проект „СпајнХ“  наменет за ревитализација на улицата Пластичарска.

IMG_20231113_200308

Конкурсот „Скопје на новата генерација“ го оценуваше жири составено од пет члена од сите пет архитектонски факултети во Скопје, (Меѓународен Балкански универзитет, Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), Универзитетот МИТ, Факултетот за општествени науки (ФОН) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Изложбата во Централна пошта ќе биде отворена за јавноста во наредните три дена, од вторник до четврток, од 12 до 15 часот.

Фото: КИРО ПОПОВ

IMG_20231113_200533 IMG_20231113_195710 IMG_20231113_195640 IMG_20231113_195605 IMG_20231113_195443 IMG_20231113_195408 IMG_20231113_195233 IMG_20231113_195315 IMG_20231113_195149 IMG_20231113_195117 IMG_20231113_195042 IMG_20231113_195007 IMG_20231113_194854 IMG_20231113_194755

Испрати коментар

Scroll To Top