Насловна / Вести / Зелената револуција и црното злато на Латинска Америка

Зелената револуција и црното злато на Латинска Америка

Латинска Америка и Карибите претставуваат регион со исклучително богатство на природни ресурси, што им дава значителна предност во развојот на обновливите извори на енергија. Бразил е лидер во производството на биоенергија од шеќерна трска и има голем потенцијал за натамошно проширување на капацитетите во соларна и енергија од ветерот. Аргентина и Чиле се богати со литиум, додека Чиле има огромни резерви за бакар.  Иако Мексико и Венецуела традиционално се фокусирани на производството на нафта, тие исто така поседуваат и потенцијал за развој на соларната и ветерната енергија. Колумбија и Перу имаат значаен хидро потенцијал, а Костарика веќе има 100% производство на енергија од обновливи извори.

la1

Специјалниот извештај на Меѓународната агенција за енергија (IEA) нагласува дека Латинска Америка и Кариби можат да имаат значајна улога во глобалната енергетска економија. Регонот веќе има 60% учество на обновливите извори во производството на енергија, што е двојно повеќе од глобалниот просек. Но, исто така овој регион располага со 15% од глобалните резерви на нафта и природен гас, како и половина од глобалните резерви на литиум. Инвестициите во регионот мора значително да пораснат, се вели во извештајот, со цел да се финансираат проекти на чиста енергија, односно тие треба најмалку да се удвојат до 2030 година. Само на тој начин ќе се поттикне напуштањето на сеуште сериозниот удел на фосилните горива во овие земји.

la2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top