Насловна / Вести / Светска банка предупредува на потенцијално екстремно високи цени на нафтата

Светска банка предупредува на потенцијално екстремно високи цени на нафтата

Светот би можел да се соочи со рекордно високи цени на нафтата, а причината е војната помеѓу Хамас и Израел, предупредува Светска банка. Доколку судирот се прошири и надвор од границите на Појасот Газа, со повторување на арапското нафтено ембарго од 1973 година, цените на нафтата би можеле да скокнат на 157 долари по барел, велат од оваа институција. Досегашниот рекорд е постигнат во 2008 година, на вредност од 147,5 долари по барел. Ваквите прогнози се темелат на едно од трите сценарија на ризиците креирани од Светска банка, кои ги проценуваат различните степени на пореметувања во снабдувањето со нафта, врз основа на изминатите историски епизоди кои вклучуваат регионални судири.

oil1

Нафтената криза пред педесет години, предизвикала четирикратно зголемување на цената на нафтата, откако арапските министри за енергетика вовеле ембарго на извоз на нафтата во САД, во знак на одмазда за нивната поддршка на Израел во арапско – израелската војна во 1973 година.

Светската банка развила три сценарија за идните настани. Во случај на „мало пореметување“, глобалните залихи на нафта ќе се намалат за 500.000 барели дневно, на 2.000.000 барели дневно, што е намалување кое може да се мери со она во текот на либиската граѓанска војна во 2011 година. Сценариото со „средно пореметување“ би отстранило окоу 3 до 5 милиони барели нафта од пазарот, со што цените би се движеле во опсег од 109 до 121 долари по барел. Тоа е еднакво на нивоата постигнати во текот на војната во Ирак во 2003.

oil2

Покрај сето наведено, со основните проценки на Светска банка се очекува цените на нафтата во тековното тромесечие во просек да изнесуваат 90 долари по барел, пред да се спуштат на просечни 81 долар по барел во 2024 година. Притоа, импликациите на актуелниот воен судир врз глобалните пазари би требало да бидат „ограничени“ , но само доколку судирот не се прошири во регионот.

Испрати коментар

Scroll To Top