Количините на градежен отпад во земјава и во регионот се во постојан пораст, имајќи ја во предвид експанзијата на градежните активности. За жал мал дел од тој отпад се реупотребува или се рециклира иако потенцијалот за повторна употреба е огромен, односно се проценува на околу 70%. Но, сега значителен дел завршува на илегални депонии.
Стручњаците истакнуваат дека во производството на градежни материјали примарната суровина во просек со минимум 10 до 15% заменска суровина, односно со рециклиран градежен отпад. Но, градежниот сектор мора да го одработи својот дел од работата во врска со згрижувањето на отпадот, како и неговото враќање во синџирот на производство на нови градежни материјали. Потребно е исто така да се работи и на воспоставување на систем на т.н „рециклажни дворови“ за преработка на отпадот, како и на поедноставување на процедурите за компаниите. Во Хрватска веќе сериозно се размислува за концептот на „рециклажни дворови“ ширум земјата, кои ќе бидат воспоставени во соработка со локалните самоуправи, со што ќе се зајакне и локалната економија со над 300 компании кои би се занимавале со оваа дејност.