Насловна / Порта3 / Imperata cylindrica red baron

Imperata cylindrica red baron

Атрактивно и невообичаено тревесто растение. Листовите во основата му се со зелена боја, додека врвовите се црвени. Црвената боја на листовите е најинтензивна во текот на летото и есента. Претпочита добро полевање, но страда од застоена вода, па затоа е потребно на местото каде е планирано да се засади, претходно да се обезбеди добра дренажа. Во случај да се појават целосно зелени ливчиња треба правовремено да се отстрануваат.

Во висина достигнува до 40 см. Лесно се размножува со делба. Многу ретко, скоро и да не процветува. Во градината најмногу се користи за оформување бордури, во комбинација со карпи со посветла боја и околу водни објекти со помали димензии. Многу силен ефект остава ако е насадена во групи.
234

Испрати коментар

Scroll To Top