Насловна / Вести / Плоштадот Славија во Белград пред реконструкција

Плоштадот Славија во Белград пред реконструкција

Beograd-panorame-11

Претседателот на Собранието на Белград, Никола Никодијевиќ, изјави дека плоштадот Славија, со голема модерна фонтана, ќе претставува нов симбол на градот. Неговата изградба, според Никодоијевиќ, ќе почне во март идната година.

Тој, за „Новости“, рече дека претстои усвојување на одлуката за изработка и за усвојување на планот за детална регулација на тоа подрачје и избор на изведувач на работите.

Belgrad Trg Slavija 09_06_2014_06
Се очекува сообраќајот на Славија да биде многу поефикасен, бидејќи јавниот превоз ќе се префрли на надворешната лента, додека трите внатрешни ленти ќе служат за автомобили, додека пешаците ќе користат подземни премини.

1537073_velika_da
Никодијевиќ најави дека споменикот на Димитрије Туцовиќ, кој сега е на средината од плоштадот, во рамките на целата реконструкција ќе биде преместен на нов плоштад или плато, кое ќе биде направено пред заградата на Народна банка на Србија, што значи дека тој споменик од местото каде што сега се наоѓа ќе се премести за десетици метри.

Испрати коментар

Scroll To Top